УМС на ВМРО-ДПМНЕ со низа активности по повод светскиот ден за борба против пушењето

Интегрален текст од изјава за медиуми на Петар Марков. 

Републичката комисија за здравство при УМС на ВМРО-ДПМНЕ, денеска по повод светскиот ден за борба против пушењето организира низа активности со кои ќе ги истакнеме здравствените ризици кои се поврзани со употребата на тутунот и ќе дадеме совети и препораки за намалување на неговата употреба.

Негативното влијание на цигарите и чадот директно е врзано со многу сериозни заболувања како рак на белите дробови, грлото и устата а поврзано е и со низа срцеви болести и болести на крвните садови.

Покрај здравјето на активните пушачи сериозен, негативен ефект од цигарите се докажува и кај пасивните пушачи кои се наоѓаат во иста просторија. Во оваа група спаѓаат најчесто децата чии родители се корисници на тобако производи и несвесно и нив ги изложуваат на  ризик од сериозни заболувања.

Мотивот за откажување од пушењето, пушачите треба да го бараат во самите себе, бидејќи не се работи за некоја модерна навика , туку напротив пушењето има големо влијание и на надворешниот изглед на корисниците и секако предизвикува сериозна финансиска и здравствена штета.

Поврзани вести