Мицкоски: Уште еден неуспех на Владата и премиерот Заев, најлош резултат на нивото на странски инвестиции во последните години

Почитувани сограѓани,

Поразите и измамите на оваа Влада на Зоран Заев и СДСМ стануваат секојдневие.

По катастрофалното лошо ниво на капитални инвестиции реализирани во првите 4 месеци поразителни се и бројките за странски директни инвестиции. Имено ова е најлош резултат во изминатите 10 години. Уште еден неславен рекорд.

Странските директни инвестиции во првиот квартал од 2019 година изнесуваат скромни 21.6 милиони евра. Приливите по основ на директни инвестиции се ниски и најчесто доаѓаат од фирмите кои веќе работат во Република Македонија. Нови инвестиции воопшто и да нема.

Во февруари на пример имало одлив на капиталот од директните странски  инвестиции во износ од 300 илјади евра, а во март одливот на капиталот од директните странски инвестиции е поголем и изнесува  6.8 милиони евра.

Дополнително, доколку го споредиме овој квартал со кварталите од изминатите десет години, странските директни инвестиции во првиот квартал од 2019 година се убедливо најниски.

Ова е потврда дека нереалното ниво на странски директни инвестиции кои се постигнати на крајот од минатата година се надуван резултат кој е последица на реинвестираната добивка кој вештачки го подигна процентот на  директни странски инвестиции. Нешто за што веќе дебатиравме и на нешто на коешто веќе предупредувавме.

Голема лага е дека има успех во странските директни инвестиции. Бројките и фактите се немилосрдни. А тие велат уште еден пораз, неисполнето ветување на Владата на Зоран Заев и СДСМ, и немање на развојна економија. И тоа во време кога регионот бележи огромни успеси на ова поле, додека Македонија е целосно заобиколена.

И нема да биде подобро. Затоа што времето поминато со оваа влада е неповратно загубено. Граѓаните скапо ја плаќаат неспособноста на власта. Потребни се промени, кои ќе донесат резултати, работа и успеси за подобар стандард за секој човек. На Македонија и е потребна економска обнова за подобар живот на граѓаните.

 

 

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...