Датум за преговори за членство во ЕУ нема ниту оваа година

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Датум за преговори нема во јуни, исто како што немаше и минатиот. Има само уште една голема лага на измамникот Зоран Заев.

Десеттата по ред позитивна препорака е добиена благодарение на продонесот на ВМРО ДПМНЕ.

Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев е најнеспособна влада до сега.

Најголемото ветување кое го дадоа Заев и Димитров минатата година по потпишувањето на срамниот договор од Преспа остана неисполнето.

Годинешната препорака  покажа дека минатата година Заев и Димитров заедно со владата ги излажаа граѓаните дека има датум за преговори на членство.

Реформи во клучните области  немаше претходната година, а нема ни оваа година.

Извештај ги потенцира слабости во многу сектори. Слабости пред се врвот на корупцијата, состојбите во јавната администрација, состојбите во економијата и владеењето на правото.

Оваа влада на Заев и следната година во јуни нема да има датум за почеток на преговори. затоа што едноставно не ги бива и немаат капацитет да сработат.

Затоа решението е едно и едноставно  оваа влада да си  замине и да дојде влада способна и посветена, и конечно државата да започне преговори за членство во ЕУ .

 

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести