ВМРО-ДПМНЕ во соработка со ИРИ организираше обука за „Јавно мислење и анкетни истражувања за креирање на јавни политики базирани на податоци“

Соопштение до јавноста

Партискиот истражувачки и аналитички центар на ВМРО-ДПМНЕ во соработка со ИРИ (Меѓународниот републикански институт) организираше обука за „Јавно мислење и анкетни истражувања за креирање на јавни политики базирани на податоци“ што се одржува во два дела на 27 и 29 мај во просториите на ВМРО-ДПМНЕ. Обуката започна со обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски кој наведе дека соработката со меѓународните партнери е од исклучителна важност за градењето на капацитетите на партиските структури за адекватно да одговорат на потребите на граѓаните.Одличната соработка со западните партнери ќе продолжи и во иднина, во наредниот период истата ќе се надоградува и проширува, а размената на искуства ќе помогне во остварувањето на стратешките цели на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија, нашите евроатлански интеграции.

 

 

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести