СДСМ и Спасовски докажаа дека не се способни да ги одржуваат редот, мирот и безбедноста во државата

Соопштение до јавноста

Кој е пратеникот од власта чиј син вчера учествуваше во насилен инцидент во угостителски објект? Кој се чувствува толку моќен среде бел ден во ресторан да дели правда и да го нарушува јавниот ред и мир? Каде била полицијата, зошто не интервенирала и зошто МВР го премолчи инцидентот?

Дали насилството се прикрива само затоа што таткото е коалициски партнер на Заев?

Со СДСМ на власт криминалот  царува, а нерасчистени убиства, кражби и физички пресметки станаа секојдневие во Република Македонија. Власта  и МВР наместо да го одржуваат редот и мирот во државата, тие соучествуваат во криминалот.

Вчерашниот не е прв случај во кој учествува син на функционер кој властите се обидуваат да го сокријат. Пред само два месеци медиумите објавија дека син на виш полициски советник на Оливер Спасовски избоде полициски службеник во Марино, а насилникот уште е на слобода.

Пратеник јавно призна дека сторил кривично дело, а пријава се уште нема. Вицепремиер и заменик министер прават сообраќајни прекршоци и ја загрозуваат безбедноста на граѓаните, а МВР не реагира.

Партиски функционер се закануваше на командирот на ПС Велес, а МВР на Спасовски молчеше и го криеше случајот. „Пајак“ нападна полицајка кај Мавровка, а Спасовски и МВР  повеќе од година дена не можат да обезбедат докази додека снимките мистериозно исчезнаа.

Власта ослободи над 800 затвореници кои сега слободно дивеат по улиците. Убиецот на Мартин Јанушев се уште шета на слобода, а на слобода се убијците кои среде Скопје на Рузвелтова пукаа со калашникови и одзедоа два човечки животи.

Граѓаните со СДСМ повеќе не се чувствуваат слободни ниту во своите домови и стравуваат за своите животи и животите на нивните деца.  СДСМ и Оливер Спасовски докажаа дека не се способни да ги одржуваат редот, мирот и безбедноста во државата. Затоа Спасовски мора веднаш да си поднесе неотпиовиклива оставка. СДСМ мора да си замине за да се врати безбедноста во Република Македонија.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести