Мицевски: Пратеничките прашања поставени од пратениците до министрите не ги одговараат

Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ посочи дека има забелешка за прашања кои се поставени и за кои било кажано дека ќе биде одговорено писмено, а се уште нема одговор.

-Сакам да ја искористам приликата бидејќи претседателот на владата е тука со нас, да информирам и за вас и за медиумите дека пратеничките прашања кои што се поставени изминатите 3-4 месеци се вкупно 19 на број од кои 9 прашања поставени од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ , и би сакал да замолам за поголема ажурност затоа што можеби се системски прашањата и се поврзани со одредена динамика и одреден рок ние од владата односно од ресорните министерства немаме добиено одговор, нагласи Мицевски.

Мицевски додаде дека прашањата што ги поставуваат пратениците би требало да се ги добиваат соодветно од седница на седница во рок најмалку од месец дена, а има прашања кои не се одговорени од седници како што се од 31.03, 27.02.

-Четири прашања нема одговорено министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Исто така четири и министерство за образование нема одговорено, едно од министерство за внатрешни работи, појасни Мицевски.

При што на седницата Мицевски истакна доколку министерството не сака или не е во можност да одговори барем да каже на време, за да не чекаат пратениците одговор. Бидејќи прашањата на пратениците што ги поставуваат до министерствата произлегуваат од граѓаните на Република Македонија.

Поврзани вести