Димовски до Заев: Жалбите на граѓаните од правосудството се зголемени за 90 %, дискриминација по партиска и национална основа има како никогаш до сега

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на денешната седница на која се поставуваа пратенички прашања, во неколку наврати го спомена обраќањето на Народниот правобранител, Иџет Мемети.

Имено тој на Заев му ги посочи низата забелешки кои ги даде Мемети во однос на работата на правосудството, но и локалната и извршната власт. Податок кој не може, а да не се напомене се жалбите на граѓаните од правосудството кој се зголемени за неверојатни 90 проценти.

-Институцијата народен правобранител на оваа говорница кажа дека за 90 проценти се зголемени жалбите на граѓаните од правосудството во Република Македонија во минатата година во споредба со претходно. Народниот правобранител од оваа говорница кажа дека Управниот суд на Република Македонија, ние си дозволивме тоа да го толкуваме и во поширока смисла, Народниот правобранител кажа дека Управниот суд работи исклучиво во корист на извршната власт во Република Македонија, а не во корист на граѓаните на Република Македонија. Народниот правобраните од оваа говорница, не Илија Димовски кажа дека во последните две години, дискриминацијата по однос на партиска припадност и по однос на национална припадност е драстично зголемена. Народниот правобранител спомна пример како градоначалниците избрани на последните локални избори како и директорите на училиштата низ Република Македонија вршат дискриминација по партиска основа, вели Димовски.

 

Поврзани вести