Во СДСМ владее апсолутистичкиот пристап на деспотот Заев, демократија нема

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Костадин Костадинов

За разлика од партијата на Костадинов каде владее апсолутистичкиот пристап на деспотот Заев, нема демократија и максимално централистички се носат одлуките, додека органите и телата на партијата служат за декор за одобрување на неговите политики, во ВМРО ДПМНЕ има демократија, се носат одлуките низ транспарентна процедура и истите се почитуваат. За да му се расчистат дилемите на Костадинов вчерашната одлука ја донесе Извршниот Комитет чиј дел е и учествува во одлуките и Претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

Во желба за поголема демократија го охрабруваме Костадинов да го крене гласот против деспотизмот на Заев, кој се докажа дека носи еднострани одлуки.

Воедно кога сме кај апсолутизмот и справувањето со него, досега Костадинов не го слушнавме да каже ниту збор за уценетите медиуми, за апсолутизмот на власта во медиумите кој е невиден до сега,  да застане во заштита на слободата на говорот или пак да каже нешто за оставката на уредникот Бранко Геровски за која како што ќе каже тој е последица на забелешките дека гаел критички однос кон власта.

Наместо да поставува дилеми, тези и хипотези го повикуваме да се позанимава и со внатрепартиските дворски игри во СДСМ, и операцијата метла каде однапред Заев се договори да се прераспределат функциите, да ја зацврсти позицијата пред очигледниот пораз и пред јавноста да глумат демократски промени тогаш кога и баш ништо нема да се смени во суштината на политиките кои и понатаму се погубни за граѓаните.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...