Откако СДСМ е на власт сиромаштијата рапидно расте

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

СДСМ откако е на власт сиромаштијата расте рапидно.

Сиромаштијата го достигна врвот, за сега има околу 500.000 граѓани кои живеат во бедни услови, и не можат да го поминат месецот. Ова гласно говори дека владата на Заев не е загрижена за социјално ранливите категории на граѓани.

СДСМ не ги прифати амандманите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ со кои реално ќе им се помогнеше на најзагрозените семејства во државата.

Владата на Зоран Заев не прифати секое домаќинство кое користи гарантирана минимална помош да остварува паричен додаток од 1.000 денари заради покривање на дел  од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството 12 месеци во годината наместо предвидените 6 месеци во предложеното законско решение.

Пратеничката група на СДСМ не прифати зголемување на надоместокот за потполно глувите лица од 4.100 денари на 5.200 денари.

СДСМ не прифати да продолжи правото на парична помош на мајка која родила четврто дете која се грижела за своите деца до нивната 18 годишна возраст, која е невработена и на не користи право на пензија по наполнување на 62 години живот. Ова право беше предвидено како и во старото законско решение да изнесува 8.000 денари.

Владата на Зоран Заев треба и ќе одговара за расипничкото трошење на парите на граѓаните. Време е да се стави крај на сето ова што го прави власта.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...