Во вчерашната емисија на 1ТВ гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски при што додаде дека никој дури ни Зоран Заев не треба да бидат глорифицирани од страна на другите, тие треба да одговараат пред народот, бидејќи ја изиграа довербата кај граѓаните и ништо не направија што ветуваа пред избори. Овој потег кој што го направи Зоран Заев во овој очај откако изгуби 200.000 гласови поддршка, не сметам дека треба да биде глорифициран од сите.

Toa e нормална појава на една партија кога ќе изгуби доверба, појасни Арсовски. Арсовски додаде дека ниту еден од сите тие што се разрешени и сите оние кои што ќе бидат сменети во владата, не треба никој да биде амнестиран и да биде заборавен за било што има направено изминатите две години откако е на таа јавна функција, при што беше избран од граѓаните и назначен од Зоран Заев.

Не смее никој да биде амнестиран и заборавен за се она што го направил претходно, нагласи Арсовски мислејќи за функционерите и директорите поставени од СДСМ кои ништо не направија добро за граѓаните, освен што редеа низа скандали и склучуваа тендери во 4 очи.