Вчера во емисијата на 1ТВ гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски кој појасни дека ВМРО-ДПМНЕ со новото раководство на овие избори покажа дека граѓаните му веруваат, бидејќи освоија околу 380.000 гласа. ВМРО-ДПМНЕ напорно работеше и се уште работи на модернизација на самата партија.

Има ново раководство кое што утрешниот ден ќе покаже какво е и дали е добро. Бидејќи ова сепак беше еден тест овие избори, беа еден тест за новото раководство каде што се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ како сама партија освои 380.000 гласови, посочи Арсовски.

Арсовски додаде не треба да се изненади македонската јавност дека сите оние кои се разрешени од СДСМ утре пак ќе бидат на истите партиски функции.