Стоилковски: Заев нема намера да ја напушти криминалната, расипничката и антидржавната политика што ја практикува повеќе од две години

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Заевизмот деновиве е пуштен на најсилно! Заев повторно покажа дека не се грижи за државата, а се грижи за сопствениот бизнис и за сопствениот рејтинг во партијата, за сопствен спас, наместо да се грижи за било какво подобрување на животот во Република Македонија! Зоран Заев продолжува и нема намера да ја напушти криминалната, расипничката и антидржавната политика што ја практикува повеќе од две години. Зоран Заев продолжува со лагите и манипулациите на јавноста за некаква посветеност кон државата. Единствена посветеност за него е опстојување на кланот на власт врз грбот на граѓаните.

За државата не се важни партиските функции во СДСМ туку функционирањето, во случајот нефункционирањето на државата предводена од кланот на Зоран Заев. Неспособноста на владата и на власта не смеат да се покрие само со партиски разрешувања. Граѓаните не ги интересира и немаат корист од тоа дали и колку некој потфрлил во спроведувањето на партиската политика, колку што ги интересира сето потфрлање во напредувањето, во развојот на државата.

Почитувани,

Јасно е дека Зоран Заев нема намера да понесе одговорност за недобивањето дата за преговори со ЕУ, уште помалку за лагата дека датата „кристално чиста и добиена уште лани“. Нема намера да понесе одговорност за економскиот колапс и девастацијата на Република Македонија. Нема намера да се повлече заради цутот на криминалот заштитен во пупката на заевизмот. Нема намера да се повлече заради непотизмот и партизацијата во администрацијата.

Зоран Заев нема намера да се повлече заради целосното уништување на здравството, образованието, социјалната политика. Падот на градежништвото и нереализацијата на капиталните инвестиции не се причина Зоран Заев да понесе одговорност, според него. Ниту пак мисли да сноси одговорност за тоа што нему блиски соработници како адвокати влечат огромни суми од јавните претпријатија за адвокатски услуги, или пак за трговијата на црно и деспотското однесување.

Почитувани,

Единствено за што се грижи Зоран Заев е да си обезбеди партиска иднина. Зоран Заев нема намера да престане со лажење и девастација на државата, претворање на Република Македонија во приватен пашалак на кланот на власт. Ослободувањето на дел од посочените блиски на Заев од партиските функции и одговорности не е ништо друго освен манипулација за јавноста. Се тоа е театар потребен за ново задоволување на апетитите во партијата.   Република Македонија нема никаква корист од внатрепартиските смени во СДСМ, додека кланот на власт ја предаде државата во раце на мафијата.

Почитувани,

Зоран Заев нема намера да го смени својот однос кон граѓаните, понижувањето, лажењето и девастацијата на општеството кое тоне во немаштија и секојдневно бега од државата. Тоа јавно го посочи и во изјавите по партискиот собир.

Зоран Заев и неговиот клан се најголемата непогода за Република Македонија. Се’ до целосен пад на Заев и на неговиот криминален клан, државата ќе продолжи да тоне!

Поврзани вести