Ова е трагичната судбина на преспанското јаболко, кога половина свет гладува ние сме принудени да фрламе храна

Интегрален текст од изјава за медиуми а Јован Тозиевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Ресен 

Почитувани

Ова е трагичната судбина на преспанското јаболко,кога половина свет гладува ние сме принудени да  фрламе храна ,макотрпно и со многу љубов произведена.

Ова е само една од дивите депонии во преспа и се наоѓа на само 500 метри од Преспанското езеро и во подножјето на националниот пар Галичица.Жалосна слика и уште пожалосни производители на јаболко.

Иако во предизборието  им беше ветено дека ке се одкупи целиот род и ќе се субвенционира ,За кои субвенции се сомневаме дека ке се исплатат,евего епилогот од слатките зборови на власта,или поточно од најдобриот министер за земјоделие во историјата,кој пак за оваа катастрофа беше и унапреден на висока политичка функција ,стреди се во земјоделството па сега да среди се останато во државата.

Локалнатра власт пак се спрема за туристичката сезона во Преспа веројатно и незнаејки за ваквите диви депонии со јаболка,незнае и дека деновиве сите реки се преполни со јаболка ,нигде ни трага ни глас од никого, како да не се свесни дека вака не се развива ниту туризам ниту земјоделие, а најмалку чиста животна стредина.Уште еден милион проекти за заштита на Преспанското езеро после ова нема да не спасат.

Драги мои овие слики што деновиве се гледаат низ цела преспа ќе остават далекосежни последици и по природата, а усште повеќе по произвотството на јаболка ,за кое очигледно оваа власт нема интерес.

Господине најдобар министер со месеци алармиравме дека следува еколошка катастрофа вие господине најдобар предизборно замачкувавте очи дека немало повеке од 30000 илјади тони јаболко и сега кога се потврди дека има многу повеке нема ни трага ни глас ниту од вас ниту пак од заспаната локална влас.Всушнос сега не е ни во ваш ресор,сега треба да го повикаме министерството за животна стредина.

Жалосно за преспа жалосно за Македонија ,жалосно за кутрите производители што се понадеваа.

 

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...