Во ред е ставањето законска рамка за легализирање на некој начин на прозиводени алкохолни пијалоци конкретно ракијата од мали прозиводители меѓутоа и овој амандман којшто се однесува на скалесто доаѓање до целосно воведување на таа акциза од 30 денари за секој литар жесток алкохолен пијалок ракија, да 4 година од денес.

Меѓутоа она што останува како проблем во Република Македонија е тоашто ние немаме само комеријалено ориентирани производители на ракија, ние имаме принудни производители на ракија кои се јавуваат во годините на тежок пласман на овошјетто и на грозјето, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Цуклев на денешната собраниска комисија.

Цуклев истакна дека државата нема доволно капацитет за превемање на сиот род и дека во законот стои дека малиот прозиводител земјоделец ги подига бандеролите 5 дена по проiзводството на алкохолниот пијалок, што не смее да биде. Меѓутоа добив увверувања дека бандеролите се подигаат при обид за пуштање во промет на алкохолниот пијалок затоа што во ситуација во кој имаме принудни прозиводители ради проблемот со пласманот на родот, од друга страна тој на некој начин не успеал да го пласира родот, не дошол до финансиски средства, принудно произведува ракија одозгора па да плаќа и бандероли на произвдените количини на ракија, потенцираше тој.

Пратеникот Цуклев посочи бандеролите да се набавуваат само при обидот за пуштање на алкохолниот пијалок во промет, а никако при самото производство односно како што стои во законот 5 дена после произвидството на тој алкохолен производ.