Шилегов јавно да се извини за изнесените навреди и говор на омраза, во спротивно ќе бидат преземени сите законски мерки

Соопштение до јавноста

Нивото на политичка комуникација и начинот на кој што Шилегов настапува во јавноста е срамен и недоличен. Неговите испади и неможноста да се контролира не може да се оправдаат со нервозата, личната некултура и вулгарноста.

Згрозени од неговите настапи, бараме Петре Шилегов јавно да се извини за изнесените навреди и говор на омраза кон ВМРО-ДПМНЕ.

Во спротивно ќе бидат преземени сите законски мерки за санкционирање на неговото однесување.

Ваквиот примитивен речник со навреди и говор на омраза не е нов за Шилегов.

Доколку Шилегов е нервозен за слабиот резултат на СДСМ на изборите за кој се виновни и тој и неговиот претседател Заев, тоа може да го каже на Бихаќка. Во јавноста тој е градоначалник и треба да се однесува така.

Го охрабруваме Шилегов по оставката од партиската позиција да си даде оставка и од градоначалничката функција, бидејќи Скопјани не се помалку важни од неговата партија.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...