Мицевски: Апсурдно е да носите закон кој што не го решава проблемот со енормното загадување во Република Македонија

Почнуваме со сетот закони кои што се апсурдни од причина што материјалот кој што денеска го разгледуваме во матичното тело Комисијата за економски прашања е примено на 6 ноември 2018 година, во периодот кога загадувањето на воздухот во Република Македонија беше на енормно високо ниво и кога баравте некое излезно решение затоа што со право граѓаните, посебно граѓаните од поголемите градови и невладините организации кои се занимаваат со оваа проблематика која што е проблем број 1, а тоа е квалитетот на амбиенталниот воздух, вие излеговте со едно законско решение кое што само по себе има голем број на нелогичности, истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

Мицевски, посочи дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои се членови на комисијата за економски прашања укажувале на низа нелогичности а предложиле и надзорна расправа се со цел експертите да се вклучат во решавање на овој проблем кои што ги засега сите граѓани.

Реагираат експерти од областа на заштита на животната средина, реагираат техничките сервиси за регистрација и контрола на техничката исправност на возилата, ние на комисијата зборувавме на оваа тема и тоа баравме да има надзорна расправа на оваа тема за да можат граѓаните односно лицата кои што се експерти и кои се занимаваат со оваа проблематика да може да ги кажат своите забелешки за да направиме еден закон кој што ќе даде резултати односно ќе биде апликативен и кој што навистина ќе ги почувствуваме бенефитите, додаде тој.

Мицевски нагласи дека законот вака составен е доста нелогичен, потенцирајќи дека членот 62 од законот е дискриминирачки каде што пишува дека вработените во техничките станици не можат да вршат предлог на нивните сопствени возила, барајќи да се избрише тој член.

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...