Иванов до СДСМ: Предлагате уште еден катастрофален закон кој што нема да го реши проблемот со воздухот

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Иван Иванов на денешната собраниска седница истакна дека предлог законот за категоризација на автомобилите за време на енормното загадување на воздухот е уште еден катастрофален закон бидејќи со тоа нема да се реши проблемот со загадувањето, туку само ќе придонеси за уште поголем сообраќаен хаос.

Вака како што е предложен овој закон не само што загадувањето нема да се реши туку овој закон претставува вовед во сообраќаен хаос. За да знаат граѓаните за што станува збор значи ќе кажам дека возилата ќе се категоризираат во три категории односно ќе бидат обележани со налепници, црвена, жолта или зелена, додаде Иванов.

Иванов прочита член од законот се со цел граѓаните да дознаат за што точно се однесува овој закон.

По стапувањето на сила на овој закон со зелена налепница односно еколошка прва категорија ќе се означуваат возилата со стандарди евро 5 и евро 6 како и возилата со евро 4 на кои има вградено течен гас и само овие возила при енормно загадување на воздухот ќе може да се движат слободно низ градот Скопје и во заштитените еколошки зони кои што ќе се носат според одлуките на општините и градот Скопје. Втората категорија односно со жолти налепници ќе се означуваат возилата со стандарди евро 3 и евро 4 како и возилата со стандард евро 2 кои имаат вградено уред за течен нафтен гас или имаат компримиран земјен гас и тие возила при зголемено загадување ќе имаат органичување на движењето односно според одликите на општините и на градот Скопје. Во третата категорија и најниска категорија ќе биде означени со црвена налепница ќе бидат возилата со евро 2 или евро 1 стандард или без никаков стандард и за нив ќе биде забрането сообраќањето во период на загадување на воздухот, вели Иванов.

Пратеникот Иванов запраша за кого се носи ваков закон читајќи еден податок за бројот на патнички автомобили во 2017 година кој што изнесува 403 илјади возила, дури 339 возила се постари од 10 години односно тоа се потенцијални возила со жолта или црвена налепница, односно според него ваков предлог на законот не води кон намалување на загаденоста на воздухот, туку води само кон едно целосен сообраќаен колапс и хаос.

Поврзани вести