Димовски: Фрапантно е што владата на СДСМ не ги прифаќа препораките на Народниот правобранител

Прво фрапантно е да се знае дека оваа влада драстично помалку ги прифаќа препораките од Народниот правобранител во споредба со претходната влада. Претходната влада од страна на овие мои колеги беше обвинувана како режимска, антидемократска, тоталитарна но сепак таква една режимска влада ви прифаќала 85, до 90 проценти од препораките кои што сте ги давале, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на денешната собраниска седница.

Димовски, посочи дека сега од страна на владата на СДСМ околу 25 проценти е намален бројот на прифатени препораки од страна на Народниот правобранител, нагласувајќи дека

Една ваква „демократска влада“ која што сега владее во Македонија, една таква транспарентна влада за скоро 20, до 25 проценти и е намален бројот на прифатени препораки од Народниот правобранител, ова ги фрапира граѓаните, но треба најмногу да ги фрапира пратениците кои што до ден денешен веруваат дека оваа влада е подемократска од претходната, додаде тој.

Димовски укажа на тоа дека е жално и фрапантно за граѓаните дека околу поплаките за правосудството се зголемени дури за 90 проценти додавајќи дека не само што Народниот правобранител Изет Меџити укажал на тоа дека Управниот суд е орган на владата на Република Македонија, туку и дека нема суд, ниту јавно обвинителство ко што не е ставено во функција на владата на СДСМ.

Фрапантно е тоа што кажавте дека поплаките за функцинирање на правосудството се за 90 проценти зголемени и тоа треба да ги фрапира колегите кои што мислат дека оваа влада е подемократска од претходната.

Јас ви благодарам за храброста денеска да кажете дека денеска Управниот суд во Република Македонија е орган на Владата на Република Македонија. Но, верувајте не е само Управниот суд, нема суд во Република Македонија што не е орган на Владата на Република Македонија, нема Јавно обвинителство што не е орган на Владата на Република Македонија, изјави пратеникот Димовски.

Поврзани вести