Илија Димовски, пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во реплика на Горан Мисовски го потсети дека СДСМ има власт иако изгуби на сите избори.

Јас би сакал да ви кажам дека никогаш до сега не се случило најголемата пратеничка група која што добила најмногу гласови на избори да не претседава со таа Комисија. Тоа што губитничката партија во Македонија е на власт, тоа што губитничката партија доби претседател со изборен инженеринг тоа вас ве става во лоша ситуација г. Мисовски, посочи Димовски. Димовски исто така истакна дека тие цени кои што ги плаќа СДСМ сега е заради тоа што го немаат легимитетот од граѓаните.

Тие имаат власт, а изгубиле секаде низ Македонија. Имаат претседател, а изгубиле секаде во Македонија освен во Шипковица, Липково, Сарај, Чаир и сл.