Димков: Со законот за возила власта прави поделба на богати и сиромашни граѓани

ратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајчо Димков на денешната собраниска седница за новиот закон за возила со кој се предвидуваат еколошки налепници истакна дека се прави поделба на сиромашни и богати граѓани, и се удира по џебот на граѓаните без да го реши проблемот со загадувањето.

Трошоците за утврдување на еколошката категорија на возилото се на товар на сопственикот на возилото, а трошоците ги утврдува министерот за економија. Секое возило ќе биде жигосано и некој ќе ни го ограничува правото кога ние ќе можеме да се движиме. Не знам како можеше некој да си дозволи да се направи вакво законско решение, посочи Димков.

Тој потенцираше дека овој предлог закон има многу негативности, а исто така студиите покажуваат дека возилата најмалку го загадуваат воздухот и токму затоа оваа мерка е апсолутно катастрофална и нема да донесе никакво решение во однос на решавање на загадениот воздух во Република Македонија.

Во споредба со другите загадувачи возилата имаат најмало учество во вкупното загадување на воздухот во Република Македонија. Негативните страни врз основа на кои критериуми возилата сои црвена или жолта налепница ќе се исклучат од сообраќајот и кој ќе ги извести? Дали има доволно алтернативни возила за превоз и колку пари ќе ги чини граѓаните дополнително преглед за мерење на гасови, заврши Димков.

Поврзани вести