Заев лично е виновен за се што се случува во Македонија

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Измамникот Зоран Заев сака да ги убеди граѓаните дека портирите во СДСМ се виновни затоа што Македонија тоне во корупција, а секој четврти Македонец живее под прагот на сиромаштија. Измамникот Зоран Заев ја убедуваше јавноста дека администрацијата била крива што нема датум за преговори со ЕУ. Останува уште да најде виновник кој без негова волја ги доделил сите тендери во здравство или за сите концесии и ниви со марихуана на неговите блиски.

Ова е срамно однесување на човек кој е три пати аболиран за тежок криминал.

Зоран Заев лично е виновен за се што и се случува на Република Македонија.

Зоран Заев нема да се сокрие позади оставката на неговиот слуга Павле Богоевски.

Оставката на Павле Богоевски нема да ги залаже граѓаните дека тој како и неговиот ментор се најголеми криминалци и треба да поднесат одговорност пред граѓаните.

Местото на Зоран Заев, Павле Богоевски и другите криминалци не е во политиката туку во затвор.

Зоран Заев кога ќе си замине од власт и политичката сцена, тогаш ќе дојде живот во Македонија.

 

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...