Две години на власт е Заев, а државата блеска во најлошите параметри

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Две години на власт е Заев, а државата блеска во најлошите параметри. Стапката на сиромаштија се искачи на 500.000 граѓани.

Во Македонија 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија. СДСМ ништо не направи за да се подобри стандардот на граѓаните. Секојдневно растат цените за на потрошувачката кошница, цената на дизелот вртоглаво расте, а граѓаните едвај можат да преживеат во месецот.

Граѓаните знаат дека пратеничката група на СДСМ не ги прифати амандманите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија кои предвидуваа да им се помогне да најзагрозените семејства во Македонија.

Граѓаните видоа дека Владата на СДСМ не прифати домаќинства кои користат гарантирана минимална помош да остваруваат паричен додаток од 1.000 денари заради покривање на дел  од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството 12 месеци во годината наместо предвидените 6 месеци во предложеното законско решение.

Граѓаните се запознаени дека СДСМ не прифати зголемување на надоместокот за потполно глувите лица од 4.100 денари на 5.200 денари.

Граѓаните се сведоци како Заев и неговата влада не прифати да се продолжи правото на парична помош на мајка која родила четврто дете која се грижела за своите деца до нивната 18 годишна возраст, која е невработена и не користи право на пензија по наполнување на 62 години живот. Ова право беше предвидено како и во старото законско решение да изнесува 8.000 денари.

За сите штетни мерки што ги спроведе Заев и неговата Влада, граѓаните ќе бараат одговорност.

Зоран Заев ќе одговара за расипничкото трошење на парите на граѓаните и ќе се стави крај на сето ова што го прават.

 

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...