Стоилковски: Нема ден СДСМ и власта да не се фатени во нов криминал, нов обид за криминогено однесување и нова манипулација

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Релевантни меѓународни истражувања и анализи, поткрепени со сведоштва, презентирани неодамна во Виена покажуваат дека мафијата во Македонија си добила држава!

И повторно наместо одговорност за состојбата тие убедуваат дека информациите од Глобалната иницијатива против организираниот криминал, кои што беа пренесени од светските медиуми, Оливер Спасовски и Зоран Заев по тоа испраќаат партиско соопштение дека тоа било измислица од ВМРО-ДПМНЕ! И внимавајте не одговара МВР, не одговара Владата, туку на соопштенијата и прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ одговара СДСМ!

Извештајот е дециден, полн со анализи, наоди и цитати дека организирани криминални групи се во спрега со власта и дека уживаат политичка заштита. Извештајот ги посочува криминалните групи од селата Кондово, Грчец и Арачиново како групи кои што со знаење и помош на власта и партиски-владини функционери вршат шверц и трговија со дрога, пренесуваат мигранти, организираат кражби на возила. Имаат и легални бизниси како покритие за шверцот, и можност за перење пари. И тоа го прават со знаење и помош на власта, која според сведоштво на полициски структури, околу 3 часот наутро се гасат камерите на граничните премини, а службениците мора да замижат пред камионите кои што го вршат транспортот и шверцот!

И после вакви наводи и резултати од истражувањата, наместо владата и МВР се јавува СДСМ да каже дека тоа е измислица и лага!

Почитувани,

СДСМ е фатена на дело како тргува на нарко-пазарот и за тоа на пратеник му беше наредено да поднесе оставка. Наместо да побара расветлување на случајот, власта ја впрегна машинеријата да го прикаже пратеникот како светец!

Почитувани,

Нема ден СДСМ и власта да не се уловени во нов криминал, нов обид за криминогено однесување, нова манипулација и тоа на највисоко ниво, а за тоа да нема одговорност. Сега и меѓународни документи покажуваат дека власта шурува со криминалните структури и дека ги држат полицијата и обвинителството во пупка за да се овозможи политичка заштита на криминалот. МВР и ОЈО служат само и само за политичкиот прогон врз опозицијата и неистомислениците.

Криминалот по улиците цвета, а ништо не се презема. Напротив СДСМ ослободи околу 850 осудени затвореници од затворите и ги пушти на улиците. За потсетување, само во јануари во Скопје се пријавени над 520 кражби и тешки кражби. Над 520 семејства кои што беа ограбени и трауматизирани само во јануари. Повеќе од 20 на ден. Од тоа, реализацијата, односно откривачката дејност на полицијата не надминува мизерни 2%. Спрегата која што ја открива анализата на Глобалната иницијатива против организираниот криминал за политичка заштита на криминалот, остава место за сомнеж дека се откриваат само криминалците кои што не плаќаат рекет и не соработуваат со оваа власт.

Оттука, Спасовски и Заев да одговорат – кои се’ политичари стојат зад криминалните групи од Грчец, Кондово и од Арачиново? Дали и кои други криминални структури уживаат политичка поддршка во замена за изборна поддршка и лично богатење? Кој или кои се тие што наредуваат да се гасат камери и да се премижува на граничните премини додека се одвива нелегалниот транспорт? Дали ваквите дела се во врска со изјавата на Заев дека сопрел истрага за корупција за членови на владата? Дали делата се врзани со фотографиите на Заев со звучни имиња од подземјето? Дали Спасовски и конечно ќе ги расчисти низата убиства, како она на Партизанска во Скопје, додека убиецот на Мартин Јанушев се шета на слобода?

Почитувани, државата тоне во хаос, мафијата ја води државата, криминалот цвета, додека претставници на власта блескаат во очите. Зоран Заев и Оливер Спасовски ја претворија Македонија во ветена земја за криминалот и за мафијата, а анализи покажуваат спрега на власта со мафијата давајќи политичка поддршка!

Заев, Спасовски, ова е навистина срамно, заминете си, граѓаните на Република Македонија не заслужуваат криминогена власт!

Поврзани вести

Најгоре