Заев е одговорен што нема ниту една мерка со која ќе им се помогне на граѓаните

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Костадин Костадинов

Одговорноста за се што и се случува на Македонија има име и презиме , а тоа е Зоран Заев.

Зоран Заев е одговорен за тоа што над половина милион граѓани на Македонија живеат под прагот на сиромаштијата.

Зоран Заев е за расипништвото, криминалот и корупцијата кои резултираа со катастрофалниот извештај на „Транспаренси“.

Одговорност имаат и претседателите на општинските организации на СДСМ што не се спротивставија и што ги поддржуваа антидржавните политики и треба да знаат на кој начин ќе завршат сите кои веруваат во лагите на единствениот политичар кој што е два пати аболиран за тежок криминал.

Измамникот Зоран Заев е одговорен што нема ниту една нова инвестиција, ниту мерка со која ќе им се помогне на граѓаните.

Зоран Заев е виновен што секојдневно расте бројката на сиромашни во Република Македонија, а на неговата сметка и блиски сопартијци само пари легнуваат.

Додека луѓето се надеваат на ветените 500 евра просечна плата, Зоран Заев оди на одмор во соседни земји и троши народни пари.

Зоран Заев вети и не исполни 100.000 денари плата за лекарите, повисоки субвенции за земјоделци, и враќање на младите во државата.

Не е доволно распуштање на општинските организации, тие се најмалку виновни.

Зоран Заев се колнеше во жицата македонска и истовремено тргуваше со македонскиот идентитет на државата.

Операција „метла“ треба да започне прво од Зоран Заев па потоа да ги зафати сите со кои го дели криминалот.

Граѓаните не гледаат излез од кризата во која ги втурна Заев. Најмалку од се излезот од хаосот може да биде самиот Заев. Тој е причината на проблемот и мора да си оди. Колку побргу, толку подобро.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...