СДСМ покажа дека не се грижи за социјално ранливите категории на граѓани и не ги прифати амандманите со кои реално ќе им се помогнеше на најзагрозените

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Јагода Шахпаска

СДСМ дојде на власт и сиромаштијата го допре плафонот.

500 илјади граѓани во Република Македонија се сиромашни, и не можат да го поминат месецот. Овој податок говори колку реално владата на СДСМ е загрижена за социјално ранливите категории на граѓани.

СДСМ не ги прифатија амандманите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ со кои реално ќе им се помогнеше на најзагрозените семејства во државата.

Власта не прифати секое домаќинство кое користи гарантирана минимална помош да остварува паричен додаток од 1.000 денари заради покривање на дел  од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството 12 месеци во годината наместо предвидените 6 месеци во предложеното законско решение.

СДСМ не прифати зголемување на надоместокот за потполно глувите лица од 4.100 денари на 5.200 денари.

СДСМ не прифати да продолжи правото на парична помош на мајка која родила четврто дете која се грижела за своите деца до нивната 18 годишна возраст, која е невработена и на не користи право на пензија по наполнување на 62 години живот. Ова право беше предвидено како и во старото законско решение да изнесува 8.000 денари.

Сето ова говори за незагриженоста на владата за социјално ранливи категории на граѓаните на Република Македонија. Поради ова стапката на сиромаштија е во секојдневен раст. Владата на Зоран Заев ќе одговара за расипничкото трошење на парите на граѓаните и ќе се стави крај на сето ова што го прави власта.

 

            Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...