Мицкоски од Кичево: Незадоволството кај граѓаните од власта секојдневно расте

Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со граѓаните на општина Кичево.Тој истакна дека незадоволството кај граѓаните од неспособната власт која зад себе остава пустош, пепел и неуспеси секојдневно расте.

Оваа влада не ја спасува ниту сеењето на магла со онаа метла која ја најавуваат. Таа операција е за справување со неподобните во нивните редови, и фрлање на прав во очи за задскривање на вистинските неуспеси и криминал на оваа влада, вели Мицкоски.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека носителот на измамите е Зоран Заев кој е одговорен за сите денешни назадувања, уништувањето на економијата, здравството и образованието. Метлата има смисла само доколку си замине тој кој што го донесе сето ова, а тој денес е на чело на најнеспособната влада во историјата на Македонија, додаде тој.Мицкоски потенцираше дека денешната оставка на Павле Богоевски е само сеење на магла во јавност со единствена цел тој да избегне кривична одговорност која е повеќе од очигледна.Наводната метлата за жал започнува од оние претседатели на општински организации од кои не слушнавме како се садат полиња на марихуана и се прави бизнис од тоа, како се делат парцели за градење на згради по багателни цени, како се уништува здравството, прават кркминални иновации. Сето ова доаѓа од Заев кој прв треба да си замине, заклучи Мицкоски.

Поврзани вести