Мицкоски: Најголем проблем во Центар е загадениот воздух, власта целосно ја заглави гасификација и нема поевтино парно

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва беше во посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Центар, каде оствари средба со граѓани, членови и симпатизери на партијата.

Мицкоски потенцираше дека Општина Центар и граѓаните заслужува подобро и повеќе.Анкетите по изборите покажуваат дека огромното мнозинство се незадоволни поради слабиот животен стандард, недостигот на нови вработувања, слабата економија. Незадоволни се и поради слабата заштита на животната средина, уништеното Водно, гасификацијата која е заглавена од власта, која тапка во место цели 2 години, вели тој.

Нездоволство посочи Мицкоски има и поради порастот на корупцијата, непотизмот и корумпираното судство.

Најнезадоволни се центарци поради тоа што оваа општина е со најзагаден воздух во државата, а пред изборите власта ветуваше алпски чист воздух, наместо тоа добија општина која руши неславни рекорди на скалите за места кои се најзагадени во Светот, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна власта води политика на кратко памтење, а центарци како и сите граѓани на Република Македонија се излажани од страна на власта, посочувајќи го ветувањето за поевтинување на сметките за парното, ветување кое се покажа како уште лага на власта.

За крај Мицкоски вели дека власта е прочитана, а народот е свесен со какви измамници си има работа.

Ние ќе предложиме намалување на ддв-то од 18 на 5 проценти, но и во периодот што следува ќе предложиме нови проекти и решенија за многу области кои ќе бидат одговор на ова уништување кое го прави оваа власт, заклучи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...