Слаѓана Митовска пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ рече дека СДСМ допринесе само минимално зголемување од 100 денари на паричен допринос на потполно глувите лица што е срамота.

Навистина е разочарувачки тоа што не поддржавте амандман со кој што ние предлагаме износот кој што ќе го добиваат лицата потполни глуви лица да се зголеми од 4.117 денари како што предвидувавте со предлог законот, ние предлагаме да се зголеми на 5.200 денари, нагласи Митовска.

Митовска истакна дека со зголемување на месечниот износ барем малку ќе се помогне на потполно глувите лица. Ова право за првпат беше донесено во декември 2013 година, потполно глуви лица со навршена 26 годишна возраст имаа можност од 2014 година да го остварат овој паричен надоместок.

А, вие предлагате само минимално зголемување од 100 денари. За вакво зголемување на ваков начин не можеме да зборуваме за зголемување на животниот стандард на потполно глувите лица, додаде Митовска.