Град Скопје го штити бизнисот кој му го додели на партнерот на министерката Царовска

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на Град Скопје

Градот Скопје реши да брани нешто што не се брани, односно да го заштити бизнисот кој му го додели на партерот на министерката Царовска. Впрочем тие никаде не го демантираа тоа. Ги повикуваме надлежните институции да го истражат овој скандал, бидејќи е крајно сомнително од толку фирми во Македонија, токму невенчаниот сопруг на министерката да лета дронови за еден милион.

Ова покажува дека лагите и манипулациите на Заев пред изборите за промени во работењето биле со цел да се добие политички бенефит, а уште веднаш потоа да продолжи криминогеното работење на оваа власт.

Според сомнежите кои јавноста ги има, овој мрсен бизнис кој го добива невенчаниот сопруг на Царовска нема да биде последен, туку следат уште милиони народни пари на негова сметка.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Најгоре