Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се сретна со Директорот на Меѓународниот републикански институт за Европа, Пол Мекарти

Соопштение до јавноста

Мицкоски се сретна со Директорот на Меѓународниот републикански институт за Европа, Пол Мекарти.

На средба се потврдија добрите односи помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и IRI и се согласија за понатамошна продлабочена соработка.

Мицкоски го информираше Мекарти за посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ насочена кон стратешките интереси на нашата земја за членството во ЕУ и НАТО.

На средбата се дискутираше и за актуелната политичка состојба, предизвиците и  реформските процеси.

Мицкоски посочи дека власта доцни со потребните реформи и го нема потребниот капацитет   да ги спроведе истите.

Тој исто така го истакна недостатокот на демократски капацитет кај власта  и злоупотребата на државните институции за свои лични интереси, притоа потенцирајќи ја се поприсутната корупција, непотизам, матни тендери, грантови и други незаконски активности.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за крај порача дека на Република Македонија итно и е потребно департизација на администрацијата, деполитизација на судството и забрзан  економски раст.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Најгоре