Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Затурвоска на денешната собраниска расправазборување на темата узрбанизација и планирање на просторот, односно кога СДСМ беше опозиција давале премногу критики за оваа тема.

-Факт е дека лошо поставените основи за планирање и уредување на просторт доведуваат до сериозни последици до живеењето и тоа го гледаме секојдневно, го чуствуваме секојдневно во поглед на загадувањето на возудхот, на животната средина, истакна претничката Затуровска. Таа истакна дека долго очекуваното законско решение на оваа власт требало да донесе една нова ренесанса или револузиција во начинот на просторното и урбаното планирање на просторот.

-Наспроти тоа не само што не се нуди решение за подобрување на ситуацијата, туку пред нас имаме едно недоречено, нејасно, конфузно законско решение што остава сомнеж за манипулации. Се додека се носат планови кои во центарот на вниманието го имат бизнисот наспроти граѓанинот и неговата потреба, за жал ние не можеме да кажеме дека ќе можеме да направиме револуција во просторното планирање, потенцираше пратеничката Затуровска.

Затуровска додаде дека ако вака се донесе законското решение тоа ќе даде можности како на локалната, а посебно на централната власт да си се пазарат со градежните моќници.