На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски. Тој кажа дека разочарувачки е односот на парламентарното мнозинство према темата економија. Тој кажа дека состојбата во економијата го отсликува односот што го има оваа влада према оваа значајна тема.

– Ако се чудите зошто резултатите во економскиот сегмент на оваа влада се такви какви што се а ги чувствуваат граѓаните секојдневно не треба ние премногу да ги филуваме, заради тоа што оваа власт ја интересира се освен тоа што граѓаните го бараат – кажа Димовски.

Димовски додаде дека владата се занимава со малограѓански состојби, прогони , обвинителства, тајни заговори, теории на заговор додека она што треба да го испорачаат како ефективна работа за граѓаните подобро да живеат не ја интересира. Тој потенцираше дека затоа нема изградба на училишта, изградба на градинки , нема изградба на патишта.