Ѓорче Петров 2 години е заборавена општина, од ветените проекти на СДСМ и Наумоски нема ни трага ни глас

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Бојан Стојаноски

Почитувани,

Ништо од чистката на СДСМ. Проблемите на граѓаните само се зголемуваат, а главен виновник за тоа е власта. Ѓорче Петров 2 години е заборавена општина.  Нема проекти, нема инвестиции.

Локалните челници на СДСМ секојдневно земаат се поголем замав и наместо да ги исполнат барањата на граѓаните тие единствено работат за своите лични интереси.

Жителите на Ѓорче Петров гласаа против расфрлањето со народните пари, против настапите на Наумоски по локалните кафеани, гласаа против градоначалник кој е недостапен за народот, против зграда во реонскиот парк, против загаден воздух и против луксузниот џип на градоначалникот купен од градоначалничката зголемена плата.

Жителите на Ѓорче Петров се уште ги очекуваат ветените проекти од кои досега нема ни трага ни глас. Нема ништо од градинката во Волково, го нема ни ветениот кружен тек на сред село во Волково, нова амбуланта во Дексион не е ни на повидок, нема ни спортска сала во Хром, исто како што нема ни нов голем трговски центар, нема музеј на современа уметност, ниту пак нов театар, нема пазар во населбата Даме Груев, а нема ни стипендии за млади.

Нема  ништо од она што беше ветено, а за што граѓаните ги гласаа. СДСМ  и Наумоски ги излажаа граѓаните на Ѓорче  и потрошија две години од нивните животи на стагнација на општината.

Наместо пари за нови проекти, Наумоски од парите на жителите на Ѓорче Петров дава 12.3 милиони денари за вработување на партиските пајташи.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...