Датум за почеток на преговори ќе нема затоа што на СДСМ и е поважен криминалот, отколку проектите

Соопштение до јавноста

Министерката за труд и социјала призна милионски скандал со фондот за Пиом, одговорност немаше од никого.

Десетици млади и стари починаа во епидемиите на грип и сипаници, додека министерот си делеше крвави тендери, одговорност немаше.

Гореа документи во министерството за правда, се напаѓаа притворени лица, одговорност немаше.

Криминално се делеа субвенции преку Фондот за иновации тешки милиони евра, одговорност немаше.

Се вработуваа синови, ќерки, љубовници, мајки, браќа и сестри по огласи кои беа распишани само за нив, одговорност немаше.

Пратеници кои одлучуваат за суштински прашања нарачуваат наркотици по телефон, одговорност нема.

Долгот расне, граѓаните се повеќе осиромашуваат, одговорност нема од министерот за финансии.

Македонија тоне на листата за корупција, а Заев и Анѓушев си делат тендери и нормално одговорност нема.

Сето ова неодговорно и криминално владеење го гледаат меѓународните претставници и сосема очекувано, како што нема одговорност ќе нема ниту датум за преговори во јуни.

Датум за почеток на преговори ќе нема затоа што на власта и е поважен криминалот, отколку проектите.

Две години граѓаните не видоа ништо од најавените 600 километри нов автопат и 550 километри магистрални патишта. Администрацијата се партизира, а судството политизира. Реформи нема.

Без реформи, без проекти и инвестиции државата не може да тргне напред. СДСМ мора да си замине.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...