Мицкоски: Да го кренеме гласот против измамите, неправдите и уништувањето на нашата земја

Измамите на власта не поминуваат, и се подлабоко тоне во сопствената жива кал. Оваа власт е делегитимирана, и секој нејзин чекор значи дополнително разочарување и пропаст. Бев во победничко Сопиште и таму луѓето знаат дека деновите на оваа неспособна власт се бројани. Наспроти елитизам треба треба вредности и принципи, наспроти неспособност треба работа и способни луѓе на вистинските места. Имаме власт која сите свои клучни ветувања не ги исполни. Две години потроши, а резултати нема и нема оправдувања кои може да ја исперат нивната неспособност. И со овие луѓе нема да биде подобро Затоа да го кренеме гласот против измамите, против неправдите, уништувањето и пеплосувањето на нашата земја. Заедно и силно да се избориме за иднина. Напиша на Фејсбук, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Поврзани вести

Најгоре