Пемова: СДСМ и Заев ги излажаа пензионерите бидејќи ниту ги покачи пензиите, ниту пак ќе го направи тоа

Бараме измена на законот за пензиско и инвалидско осигурување бидејќи со законот кое што владејачкото мнозинство го донесе на брзина и по скратена постапка во декември 2018 година се нанесува голема неправда и голема штета по сите пензионери во Република Македонија, бидејќи се утврди дека со измените на законот всушност пензиите во Република Македонија ниту растат, ниту пак во иднина ќе растат, што значи дека ветувањата на оваа влада за раст на пензиите врз основа на усогласувањето е голема лага, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Весна Пемова на денешната собраниска седница.

Таа порача дека власта на СДСМ и Заев треба да има чесен пристап кон граѓаните и да каже дека нема пари да им обезбеди повисоки пензии, а не да се служи со популуистички мерки од кои пензионерите немаат никаков бенефит. Пемова додаде дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ предлага враќање на старото законско решение со кое што усогласување на пензиите се врши двапати годишно.

Ние бараме враќање на старото законско решение за пензиите со кое што усогласување на пензиите се врши двапати годишно, кое што се врши на 1 јануари и 1 јули, врз основа на порастот на животните трошоци и врз основа на пораст на просечната плата во Република Македонија како што беше старото законско решение, изјави Пемова. Пемова нагласи дека СДСМ воопшто не мисли да ги зголеми пензиите на сегашните а ниту пак на идните пензионери. Оваа влада ниту мислела ниту мисли ниту пак ќе мисли да ги зголеми пензиите на сегашните па и на идните пензионери и редно е да го признаат тоа, рече таа.

Пемова кажа дека Зоран Заев ги излажал пензионерите бидејќи им ветил дека на секои три месеци ќе има усогласување на пензиите, бидејќи усогласувањето на пензиите е на шест месеци меѓутоа тоа усогласување врз основа на законско решение што СДСМ го донесе не значи ништо бидејќи со ова законско решение и усогласување на пензиите, пензионерите ниту добиваат покачување ниту пак во иднина ќе добијат повисока пензија.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...