На денешната собраниска седница во своето обраќање пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Слаѓана Митовска по повод дискусијата за предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ за враќање на претходното законско решение со кое треба да се овозможи зголемување на пензиите на пензионерите, истакна дека на пензионерите во Македонија им беше одземена можноста со новите измени да им се зголемат пензиите. Таа обвини дека власта со новите измени од 1 јануари онезможила пензиите да растат, а овозможила да растат платите на функционерите,воведување на заменици директори и зголемување на нивните привилегии.

-Кога зборувате за долгот со пензинско и инвалидско осигурување ве молам кажете ни до каде е криминалот во ПИОМ, нели имаше најави за криминал во ПИОМ до ден денеска немаме расчистување на тој случај, немаме ни објаснување што се случи со парите, каде се парите, дали се вратени, праша пратеничката Слаѓана Митовска од ВМРО-ДПМНЕ во реплика против пратеничката од СДСМ, Катерина Кузмановска.

Митовска истакна дека СДСМ сака да штеди на грбот на пензионерите, дека нема зголемување на социјалната помош и дека ако власта сака да штеди треба тоа да го направи на сметка на непродуктивните трошоци на функцинерите а не на сметка на пензионерите и врз грбот на социјално ранливите категории граѓани, вели таа.