Димовски: СДСМ го укина покачувањето на пензиите и одлучи тие да не растат туку да стагнираат

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на денешната собраниска седница истакна дека СДСМ откако дојде на власт прво го укина покачувањето од 5% на пензиите, а подоцна ја укина и пресметката на пензиите во однос на просечната плата, за да не растат пензиите туку да стагнираат.

СДСМ кога дојде на власт го прекина покачувањето на 5% во текот на секоја година и сега нема такво покачување. Второ што направи СДСМ е тоа што го укина основот за пресметка на висината на пензиите во однос на пораст на просечната плата, тоа го направи заради тоа што со воведување на минималната плата се забележа статистички пораст на просечната плата и тоа ќе значеше пораст и на пензијата. СДСМ одлучи тој критериум да го исклучи за пензиите да стагнираат, вели Димовски.

Тој потенцираше дека на сите ни е јасно дека пораст на пензиите нема или доколку има тоа се сведува на 50, 70 или 90 денари и ништо повеќе, а во исто време се покачени придонесите, даноците, акцизите со што граѓаните се оптеретени со дополнителни трошоци. Ги оданочувате луѓето по различни основи, акцизи, придонеси, персонален данок, данок на закупнина, а ништо не им давате на граѓаните, освен што земате од успешните а по партиски клуч, делите по ваши фирми и ваши адвокати. Фонд за иновации, партиски список, адвокатски услуги по јавни претпријатија партиски список, нагласи Димовски.

Тој посочи дека за разлика од СДСМ во време на претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во текот на годината имаше два пати покачувања на пензиите, во кои што еднаш беше вкалкулирано покачувањето според анализи пресметковни по два критериуми, но дополнително со одлука на Собранието секоја година пензијата се качуваше за 5%, па така просечната пензија се покачи за 80%, а најниската пензија се покачи за 106%.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...