Арсовски: Со тендерот во здравството Филипче сака да воведе монопол на стерилизацијата во здравството

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Бледиот настап на Венко Филипче на вчерашното негово гостување на еден национален медиум и повеќе од доволно покажува дека тој и самиот нема идеја што сака да постигне со тендерот за стерилизација, освен да воведе монопол на стерилизацијата во здравството. И нормално парите на граѓаните да завршат во нечиј џеб, идните 15 години.

Тендерот вреден над 13.700.000 евра уште во првиот момент е сомнителен за јавноста и тие нејаснотии мора да бидат расчистени.

Венко Филипче како доктор со искуство треба да е свесен дека околу ваквиот начин на стерилизација се поставуваат неколку односно многу важни прашања на кои Министерството треба да одговори пред воопшто да го започне овој процес, кој секако ќе биде на штета на пациентите, на здравствените работници и нормално на буџетот на државата, односно парите на граѓаните.

Венко Филипче да одговори ако се централизира и регионализира службата, што ќе се случи со вработените кои веќе работат во постоечките служби за стерилизација дали ќе бидат дислоцирани или ќе влезат во составот на некоја регионална служба за стерилизација, и кој им гарантира дека тие воопшто ќе останат да работат на истото работно место?

Што ќе се случи со постојните вработени здравствени работници и помошен персонал?

Дали ќе останат на своите работни места или ќе има отпуштања и преместување на работници од една во друга институција, односно од еден во друг град, каде што ќе биде регионалниот центар?

Тендерот по овој терк е планиран да воспостави монопол во наредните 15 години за стерилизација на клиниките.

Дали се свесни Венко Филипче и СДСМ дека со овој принцип на централизирано стерилизирање постои можност да се доведе до прашање здравјето на граѓаните, кое е најважно во овој здравствен систем?

Планирано е целата опрема што ќе се стелизира да се превезува до клиниките и болниците со возила и оттука нормално постои можност дополнително да има инфицирање и бактерии на инструментите.

Експертите коментираат дека на овој начин неколкукратно односно до 5 пати ќе се зголеми цената на стерилизацијата, сето тоа ќе падне на товарот на граѓаните, а услугата нормално нема да е ништо повеќе од сега, односно ќе биде само полоша.

Така да уште еднаш апелираме Венко Филипче да се преиспита и да го повлече тендерот и веднаш потоа да си поднесе оставка, и да ги спаси граѓаните од неговите погрешни политики во здравството.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...