Николоски на средба со високи претставници од САД

Денес имав прилика да се сретнам со конгресменот Ренди Халтгрен, Мајкл Столтцфус, Тод Хендрикс, Кен Форд и Бен Смит, претставници на Националниот молитвен појадок од САД. На средбата се зборуваше за искуствата и придобивките од оваа повеќедецинска традиција која прераснува во глобален натпартиски, надидеолошки и наднационален концепт. На средбата дискутиравме и за регионалните, европски и глобални предизвици и заедно заклучивме дека само преку помирување може да се гради просперитетна иднина за сите, напиша на Фејсбук, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

 

 

Поврзани вести