Одговор на новинарско прашање на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Одговор на новинарско прашање на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Се очекува Талат Џафери да свика седница за одземање на мандатот на почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и екс пратеник во Собранието, а веќе е и најавена седницата на Комисијата, како ќе гласа Вашата партија?

Одговор: Видете ќе има координација деновиве откако ќе се поднесе барањето помеѓу пратеничката група, ќе има координација во партиските тела на ВМРО-ДПМНЕ и веднаш потоа ќе излеземе со став. Меѓу другото би сакал да истакнам дека сето ова што се прави е еден дефокус на реалните проблеми кои што во моментот висат над главите на граѓаните. Така да наместо дефокус на граѓаните, можат власта односно СДСМ да се зафати со посериозни и суштински реформи кои што и се потребни на Република Македонија, и кои што им се потребни на граѓаните за подобрување на нивниот животен стандард и се останато, бидејќи како што гледаме во моментов се се руши, а СДСМ се обидуваат да дефокусираат со вакви теми.

Прашање: До каде сте со договор за СЈО и дали ќе има лидерска средба?

Одговор: Видете, ние остануваме на нашите три принципи, тоа е меѓународните стандарди за меѓународно право, почитување на човекови права и борбата против криминалот и корупцијата, односно организираниот. И сето тоа имплементација во однос на јавното обвинителство, за жал иако на почеток СДСМ кажа односно владата дека ги прифаќаат, сега повторно гледаме избегнуваат од тој колосек, така да доколку има покана за таква лидерска средба ние ќе ја разгледаме и веднаш потоа ќе одговориме кои се барањата и кои се темите на лидерската средба. Бидејќи нашите ставови веќе се јасни како што ги повторив и сега трите оние столба кои што исто така ни се важни да бидат имплементирани се со цел да се подобри правосудниот систем.

Прашање: Во јавност повторно се појавија некои телефонски разговори за пратеник и како ќе го коментирате тоа?

Одговор: Видите претпоставувам дека мислите за снимката за пратеникот Павле Богоевски во тој случај многу е лесно, еве би ги повикал и институциите, односно Министерството за внатрешни работи да утврди дали постои таков разговор? Дали лицето е тоа на снимката и веднаш потоа да се утврди за што е тоа „полче“ кое што го нарачува. Во однос на другите работи и да се расчистат сите оние сомнежи и многу лесно може да се провери дали пратеникот Павле Богоевски конзумирал наркотични средства како што тоа беше пишано во медиумите, така да може многу лесно да се отргнат сите сомнежи и да се расчисти целата ситуација, а додека пак институциите да проверат дали пратеникот комуницирал со лица кои што се сомнителни за дилање на наркотични средства, и да се утврди дали воопшто имало таква комуникација и кога и со кого. Согласно со содржината кажав дека многу лесно може да се утврди за што станува збор во разговорот. Да како што кажав многу лесно да се утврди и со тест за наркотици и да се расчисти јавноста бидејќи сепак гласале граѓани за него.

Прашање: Не ве загрижува дека се појавуваат снимки?

Одговор: Секако дека сите ги загрижува дека се објавуваат снимки бидејќи тоа е нарушување на приватност и тоа беше една лоша пракса воспоставена од страна на СДСМ и Зоран Заев. На тоа тогаш предупредуваа и експертите и граѓаните меѓутоа еве резултатот на сите тие снимки неовластени и незаконски коишто беа стекнати до него го гледаме сега се растураат и се  расфрлаат на секој чекор, се препродаваат, излегуваат кога, кој ќе посака.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...