СДСМ продолжува со лажни прес конференции да ги манипулира граѓаните

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Костадин Костадинов

СДСМ продолжува со лажни и евтини прес конференции со кои ги манипулираат граѓаните.

Заев и СДСМ откако се на власт економијата е пред колапс.

Граѓаните погрешните политики на оваа власт ги почувствуваа на својот грб. Повеќе од 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, а Македонија се повеќе тоне во криминал и корупција. Се богати само криминалниот картел околу Зоран Заев. Ветената плата  од 500 евра се уште ја нема, а ги нема и 100.000 денари ветени на докторите.

Секојдневно има низа поскапувања, граѓаните на Република Македонија започнаа да плаќаат поскапо гориво, поскап леб, поскапи намирници и општо поскапа потрошувачка кошница. Власта на СДСМ додека се богати преку сомнителните тендери и непотистичките вработувања, народот гладува.

70% граѓани земаат плата помала од просечната, над 140 илјади млади се сиромашни, 47.6%младите се невработени и над 70% млади сакаат да ја напуштат државата заради бесперспективност.

СДСМ со своите прес конференции сами себе се лажат, а реалната колумна во Република Македонија  секој ден станува се полоша.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...