Стоилковски: Шилегов продолжува со злоупотребата на службената положба и овластување кои што ги има како градоначалник на Град Скопје

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Петре Шилегов продолжува со злоупотребата на службената положба и овластување кои што ги има како градоначалник на Град Скопје. И денес без прекин продолжува градбата долж булеварот АСНОМ, во Скопје, без документација и дозвола за градење, без истакната табла на која што треба да има имињата на инвеститорот изведувачот и надзорот на градежните работи иако минаа десет дена по поднесената кривична пријава од страна на ВМРО-ДПМНЕ за тоа.

Шилегов за потсетување на 24-ти април, среде изборна кампања, во изборни цели, односно во насока на поткуп на неопределен број гласачи во Скопје, преку медиумите соопшти дека започнува градба на булеварот, како прва фаза од градење на мост преку реката Вардар. Шилегов со истиот факт, дека започнати се градежни работи, се пофали и преку социјалните медиуми поткрепено и со фотографии и со видео. Оваа прва фаза според пресметките чини 50 милиони денари. Односно, толкава е првичната вредност на злоупотребата согласно членовите 353 од Казнениот Законик, потоа бесправно градење член 244 од истиот Законик и секако поткуп при избори и гласање член 162 од Казнениот Законик.

Бидејќи нема никакво известување од Јавното Обвинителство, јавно прашуваме дали е постапено по барањето наведено во Кривичната пријава, барање Јавниот обвинител да постапи согласно овластувањата и да направи увид за да ја утврди фактичката состојба на градежните работи на булевар АСНОМ и да направи увид во градежната документација која ја поседуваат Град Скопје и Петре Шилегов?

Укажавме и повторно укажуваме и предупредуваме дека доколку Обвинителството не го стори тоа на време, остава можност и му овозможува на Шилегов да ги прикрие трагите и доказите и кривичното дело да мине неказнето. Со тоа обвинителството наместо бранител на правдата, бранител на граѓаните, станува соучесник во изградба на дивоградба.

Почитувани, законот јасно прецизира што се подразбира под привремени работи, па и за тоа исто така за што е потребна дозвола, и според тоа законот за  изведувањето на подготвителни работи за изградба на сложена градба може да започне по добивањето на конечно начелно одобрение за градба. Според тоа, демантот од Шилегов дека станува збор за подготвителни работи, едноставно, не држи!

Почитувани, ова е уште еден показател дека Јавнообвинителскиот и  правосудскиот систем воопшто се уште се во пупката на Зоран Заев овозможувајќи неказнивост за криминогени делувања на власта.

Правото и правдата, еднаквоста пред законот, особено за претставниците на власта, почитувањето на човековите права, се основа за демократски систем. Ваквото однесување и оставање да се спроведува самоволие на Шилегов и на неговите сопартијци се срам за јавните обвинители, но уште пострашно со тоа дополнително се оддалечува Македонија од евроинтеграциите.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...