Странските инвеститори ја избегнуваат Македонија и парите ги инвестираат во соседните држави

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Црното економско трио на владата на СДСМ Зоран Заев, Кочо Анѓушев и Драган Тевдовски ја донесоа македонската економија до колапс. Залудни се обидите на власта со соопштенија да го замајува народот за наводните подобри услови за живот кои никој реално не ги почувствува.

Фактите говорат дека оваа влада не донесе ниту една поголема гринфилд инвестиција иако повеќе од две години се на власт. Странските инвеститори ја избегнуваат Македонија и парите ги инвестираат во соседните држави.

Граѓаните се уште ја чекаат ветената просечна плата од 500 евра. Докторите се уште чекаат 100.000 денари плата.

Над 500.000 наши граѓани живеат на прагот на сиромаштијата. Речиси 50 отсто од младите се невработени.

Македонија има најмал раст на БДП во Европа. Реализацијата на капиталните инвестиции се очајни 6,2 отсто за првите три месеци што само ја потврдува неспособноста на оваа власт.

Дури 70 отсто од граѓаните земаат плата помала од просечната која и така не стасува за подмирување на основните потреби за живот.

Повеќе од 70 отсто од младите сакаат да ја напуштат земјава и подобар живот да бараат во странство.

Бенефит имаат само фирми блиски на раководството на владејачките партии кои редовно ги добиваат големите тендери за набавки од парите на граѓаните.

Тоа е начинот на кој СДСМ ја разбира економијата. Тоа се резултатите на работењето на оваа влада.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...