Припадниците на безбедносните сили пред 4 години во „Диво Насеље“ со своја лична жртва покажаа дека Македонија и нејзините граѓани биле и ќе останат над се

Соопштение до јавноста

Денеска навршуваат 4 години од терористичкиот напад на кумановско „Диво Насеље“, кога со брза и навремена акција, македонските херои ги одбранија мирот, безбедноста и територијалниот интегритет и суверенитет.

Во борбата против терористичката група, во одбрана на Република Македонија и нејзините граѓани животите ги загубија:

– Жарко Кузмановски (роден 1981), од с. Брвеница, Тетово

– Ненад Серафимовски (роден 1987), од с. Зубовце, Гостивар

– Сашо Самојловски (роден 1982), од с. Брвеница, Тетово

– Бобан Ивановиќ (роден 1968), од с. Стајковци, Скопје

– Горан Илијевски (роден 1974), од Гостивар

– Исамедин Османи (роден 1983), од с. Студеничани, Скопје

– Љубиша Аранѓеловиќ (роден 1966), од Скопје

– Горан Стојменовиќ (роден 1970), од Миладиновци, Скопје

Вечна им слава! Тие ќе останат запишани со златни букви во историјата, бидејќи со своја лична жртва покажаа дека Македонија и нејзините граѓани биле и ќе останат над се.

Нема да бидат заборавени ниту нивните семејства кои за Македонија ги загубија своите најблиски.

Посебна почит заслужуваат и останатите припадници на безбедносните сили кои покажаа невидена храброст, пожртвуваност и професионализам бранејќи ја Македонија на 9 и 10 мај во Куманово.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...