Студентите живеат се полошо, Заев и Каевски не направија ништо за подобрување на условите на студентските домови

Интегрален текст од изјава за медиуми  на Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Се наоѓаме пред СД Стив Наумов, место на кое според СДСМ уште пред година ипол требаше да почне со градба студентски град. Наместо тоа, ситуацијата во домот е полоша од кога било.

Овие слики се сликани во текот на вчерашниот ден, од кои се гледа нешто што треба да биде тоалет. Ова не е тоалет, ова е руина. Почитувани родители, во вакви тоалети одат вашите деца кои живеат во Стив Наумов.

Откако е сменета власта, веќе две години, владата нема одвоено ни денар за СД Стив Наумов, а ниту за другите студентски домови.

Проблемот со руинираните тоалети, е само капак на проблемите кои се таложат две години. Имено студентите во текот на зимата овде немаа топла вода во купатилата, додека храната веќе со месецот е слаба и не ја задоволува калоричната вредност која треба да ја внесува еден млад човек.

Ова се слики од храната, сликана од студенти, а објавени на медиумите, од кои се гледа отпушоци и инсекти во истата.

Ова не е страшно. Ова е алармантно.

Власта две години со прст нема мрднато за младите.

Пред иста ваква табла, Стефан Богоев и Дарко Каевски пред две години промовираа како ќе изгледа студентски град, и ги најавуваа инвестициите на студентските домови. Две години потоа, Богоев е градоначалник, а Каевски директор, додека од студентскиот град  нема ништо, не е ниту на повидок.

Заев ги излажа и злоупотреби младите. Време е за одговорност. Време повеќе нема. Младите сакаат иднина.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...