Во денешната емисија „Топ Тема“ гостуваше и Антонио Милошоски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ кој реплицираше на Мухамед Зекири потенцирајќи дека власта не направи ништо да дојде до помирување и балансирање на политичките елити, туку покажаа селективно помирување.

-Власта покажа селективно разбирање за помирување, давајќи селективна амнестија за своите проекти да поминат. Тоа не беше чин кој што понуди некакво помирување или некое балансирање на политичките полирализации на општо ниво. Но одговорноста е на власта и ќе видиме во следниот период како ќе се однесуваат, истакна Милошоски.