Стојановски: Да излеземе масовно во недела и да покажеме дека се уште веруваме дека правдата ќе биде еднаква за сите

Не дели уште малку време до вториот круг каде ќе треба да се избере наредниот претседател на Република Македонија. Во првиот изборен круг ние јасно ја деклариравме нашата волја и Гордана Силјановска Давкова победи со 2 илјади гласови разлика, вели Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Останува на нас да ја потврдиме таа победа и јасно да докажеме дека Ѓорче Петров е за Република Македонија. Да излеземе масовно во недела на 5-ти мај и да покажеме дека ние се уште веруваме дека правдата ќе биде еднаква за сите и дека жена ќе биде претседател, вели Стојановски.

Поврзани вести