Мицкоски: Со оваа власт нема датум за преговори со ЕУ

Во емисијата „Отворено на Алфа“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски појасни дека со оваа криминогена влада никогаш Македонија нема да добие датум за преговори со ЕУ.

-Јас немам никакви очекувања од страна на оваа влада предводена од СДСМ и Зоран Заев. Јас навистина не можам денеска да се изначудам како истите овие политичари кои што лани правеа селфи од авион, кога пишуваа твитови, кога се обраќаа по социјалните мрежи дека добиле радосна вест дека Македонија добила датум за преговори во 2018 година и гледаме сега во 2019 година повторно ја рециклираат истата тема. И без око да им трепне повторно велат Македонија доби оваа година датум за преговори, нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ниту лани добија датум за преговори, ниту оваа година.

-Прашање е дали во блиска иднина ќе добиеме датум за преговори, но тоа е карактеристиката на овие политичари, појасни Мицкоски.

Поврзани вести

Најгоре