Мицкоски: Има низа на нарушувања на изборниот процес од власта, се препелкаат, вистината е дека победува Гордана и ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во вестите на телевизија Алфа истакна дека во текот на целата кампања има низа на нарушувања на изборниот процес од страна на власта, нешто што е вообичаено кога СДСМ и Зоран Заев организираат избори. Тој ги нотира пред се злоупотреби на државната инфраструктура, ветувања од страна на власт во ек на изборна кампања, закани и уцени. Мицкоски сепак посочува дека во недела на 5-ти мај победува ВМРО-ДПМНЕ и професорката Гордана Силјановска Давкова, а нов градоначалник на Охрид ќе биде Митре Милошевски кандидатот на опозицијата.

-Од она што досега се случуваше можам да нотирам голем број неправилности кои што се вообичаени кога СДСМ и Зоран Заев организираат избори. Злоупотреба на државната инфраструктура, неделење на државата од во случајот кандидатот за претседател. Имаме и сериозни докази и индиции за тоа како настапуваат и министрите во владата и високи функционери на СДСМ за време на партиските трибини. И практично тие говори изобилуваат со ветувања, со закани, со уцени. Се сеќавате на онаа снимка која протече пред некој ден, вчера чинам беше, кога градоначалникот на Куманово и вицепремиерот, односно министерот за внатрешни работи ги уценуваа практично граѓаните, гласајте за Стево за да ви ја асфалтираме улицата. Потоа помалку или повеќе небулозни некои тези, Стево го сакале од меѓународната нас не не сакале итн. Практично гледаме една ситуација, една искривена вистина која се обидуваат во последниве неколку дена, се препелкаат во огромна паника се да ни ја претстават, да ја претстават пред граѓаните. Но она што е денеска секојдневие во Република Македонија, а тоа секојдневие ќе биде потврдено на 5-ти мај е дека победува ВМРО-ДПМНЕ, победува Гордана Силјановска Давкова за претседател н а Република Македонија. Победува Митре Милошевски овде како градоначалник на Охрид и се останато кое што ќе биде поразлично од ова ќе биде некаков изборен инжењеринг или тежок фалсификат кој што ќе се случи во Република Македонија, вели Мицкоски.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...